Сега е така, зашто така сакам

Published on 08:04, 03/25,2011

Така нека биде. Воопшто не ми е грижа. Сакаше сеќавања, еве ти сеќавања. Сакај си ги, чувај си ги, што сакаш прави со нив.

Јас, не ги сакам. Не сакам ниту едно. Било убаво, било - поминало. До тука било. Мене ми е доста.

Немам, веќе немам ништо за тебе. Солзи? Тоа најмалку. Немам веќе солзи за никого. 

Ако?

Ма не ми е грижа ни за тоа. Мисли што сакаш, зборувај колку сакаш, молчи колку сакаш, биди сега спокоен. Јас вртам друга страница.

Нова страница.

На неа само моето име го пишува.

Редно беше. Доста го ставав твоето име во секој наслов. Доста те плетев низ секој збор и секој стих.

Замисли... од кога тоа јас станав поет???

Не сакам веќе.

Сега не сакам ништо.

Ни твојот глас кој ужасно ме нервира, ни твојот лик кој воопшто не ме привлекува, ни ништо твое.

Разбираш?

Ако имам сега бура во мене, ја имам зашто така сакам .

И ако сум сега поинаква, лута, дрска и иронична, таква сум зашто сега, сакам да бидам таква.

Пренежна, преранлива?

Барај друга за тие епитети.

Сега сум само најобична кучка.

И знаеш што?

Прекрасно се чувствувам.

А ти, слободно оди по ѓаволите.

 


Почетокот

Published on 16:59, 03/11,2011

     "Луда ли сум? Луда? Мора да сум луда..."
     Постојано си ги повторуваше овие зборови, додека лежејќи полугола покрај него, се обидуваше да заспие.
Тој, тој беше нејзиниот избор, еден и единствен, нејзиниот човек, нејзинот партнер. Го сакаше. Го сакаше? Беше убедена дека го сака, иако на моменти не поднесуваше да биде блиску до него. На моменти како да живееше со странец. Или пак странецот наеднаш стана таа?
Не можеше да разбере, не можеше да сфати зошто не успева да ја почувствува љубовта кон него. Љубовта која знаеше дека е во неа, дека мора да е во неа, само не знаеше каде. А толку очајно сакаше да ја почувствува.
Немаше возбуда кога ќе го погледнеше, не и` недостигаше кога не беше покрај неа, едноставно како да немаше ништо.
Дали животот со него и` стана само најобична навика?
.
  (Dalje)