До ааааааааааааааааах

Published on 12:49, 04/20,2011

 

Тука можам да сум гола.

Под маската на невидливоста.

Убаво е така.

Слободна сум.

И не ми е воопшто важно ништо друго освен самата јас.

Колку лесно.

Кога можеш на глас да кажеш се` што сакаш.

А никој нема да  те чуе.

Ех, слободо.

Сакам... сакам да ти кажам дека те посакувам.

Сакам да си до мене.

Сакам твој допир и твоја прегратка.

И страст.

Човек без страст ко да не е жив. Постои а не живее. Само минува низ деновите како сенка.

Јас не сум сенка.

Ти си мојата страст.

Допир кој го гори телото.

Ме креваш до небото.

Во мене си.

Ааааааааааааах

Во мене.

Те посакувам.

Треперам до бескрајот и назад.

Знаеш?

Знаеш.

Од тебе не знам како да се скријам.

Немам таква моќ.

А и не сакам.

Зошто тогаш се кријам овде?

Сакам да ја запишам страста. Да ми остане тука. Каде само јас знам дека е моја.

Ништо необично.

Секој љуби страсно кога љуби вистински.

А може ли да се љуби невистински?

Не верувам.

Љубовта е просто љубов.

Не ми требаат дефиниции.

Пишувам несредено.

Мислите ми се такви, несредени.

Не е важно. Не морам да ги средувам. Тој хаос ти го направи.

Бев мирна.

Се` ми беше подредено.

Зошто те сретнав, понекогаш се прашувам.

Зошто баш тебе?

Знаеш, не ми се допадна кога те сретнав.

Ни сега не сум сигурна дали ми се допаѓаш.

Дали те гледам навистина или сум во некаков транс.

Ни тоа не е важно.

Нека трае.

Нека потрае.

Те сакам.

Се` твое сакам.

Сите твои недостатоци.

А ги имаш многу миличок.

Егоист, нарцис, полн со себе, пресигурен во себе, горделив.

Се` што ми пречи кај било кој друг.

Се`.

Но не и кај тебе.

Двоен аршин, а?

Можеби по некоја година ќе се разбудам, можеби ќе ги отворам очите, можеби ќе помислам дека сум била сосема луда.

Зарем е важно?

Ти си тој.

А јас те познавам.

Знам се` што сакаш и се` што не сакаш.

Знам како сакаш.

И имам една желба само.

Да те излудувам.

Страсно.

Силно.

До бескрајот и назад.

И можам.

А ти го сакаш тоа.

Јас и ти, еден во друг, еден низ друг.

Си припаѓаме.

Кога тоа го сакаме.

Додека сакаме.

Не барам вечност од тебе.

Не барам ветувања.

Не барам ништо друго освен ова сега.

Но, жена сум.

Утре можеби ќе посакам се`.

Кој знае.

Но денес... денес само биди во мене.

До небото, до крај, до аааааааааааааааааааах.

Во мене.

 


Сега е така, зашто така сакам

Published on 08:04, 03/25,2011

Така нека биде. Воопшто не ми е грижа. Сакаше сеќавања, еве ти сеќавања. Сакај си ги, чувај си ги, што сакаш прави со нив.

Јас, не ги сакам. Не сакам ниту едно. Било убаво, било - поминало. До тука било. Мене ми е доста.

Немам, веќе немам ништо за тебе. Солзи? Тоа најмалку. Немам веќе солзи за никого. 

Ако?

Ма не ми е грижа ни за тоа. Мисли што сакаш, зборувај колку сакаш, молчи колку сакаш, биди сега спокоен. Јас вртам друга страница.

Нова страница.

На неа само моето име го пишува.

Редно беше. Доста го ставав твоето име во секој наслов. Доста те плетев низ секој збор и секој стих.

Замисли... од кога тоа јас станав поет???

Не сакам веќе.

Сега не сакам ништо.

Ни твојот глас кој ужасно ме нервира, ни твојот лик кој воопшто не ме привлекува, ни ништо твое.

Разбираш?

Ако имам сега бура во мене, ја имам зашто така сакам .

И ако сум сега поинаква, лута, дрска и иронична, таква сум зашто сега, сакам да бидам таква.

Пренежна, преранлива?

Барај друга за тие епитети.

Сега сум само најобична кучка.

И знаеш што?

Прекрасно се чувствувам.

А ти, слободно оди по ѓаволите.

 


Почетокот

Published on 16:59, 03/11,2011

     "Луда ли сум? Луда? Мора да сум луда..."
     Постојано си ги повторуваше овие зборови, додека лежејќи полугола покрај него, се обидуваше да заспие.
Тој, тој беше нејзиниот избор, еден и единствен, нејзиниот човек, нејзинот партнер. Го сакаше. Го сакаше? Беше убедена дека го сака, иако на моменти не поднесуваше да биде блиску до него. На моменти како да живееше со странец. Или пак странецот наеднаш стана таа?
Не можеше да разбере, не можеше да сфати зошто не успева да ја почувствува љубовта кон него. Љубовта која знаеше дека е во неа, дека мора да е во неа, само не знаеше каде. А толку очајно сакаше да ја почувствува.
Немаше возбуда кога ќе го погледнеше, не и` недостигаше кога не беше покрај неа, едноставно како да немаше ништо.
Дали животот со него и` стана само најобична навика?
.
  (Dalje)